Skip to main content

За ЕХИ

ЕХИ доо е компанија со широк спектар на производи и услуги на подрачјето на третман на комунални, индустриски, питки и процесни води. Со долгогодишното искуство достигнавме препознатлив квалитет на пазарот, кој придонесе за зачувување и заштита на околината. Различните технологии кои ги применуваме во секојдневното работење ни овозможуваат да ги задоволиме сите специфични потреби на купувачите, при што заштитата на околината е на прво место.
Сите наши системи се проектираат и се изработуваат во согласност со Европските норми, и се атестирани од страна на акредитирани институции за контрола на квалитетот.
Во целокупното работење на компанијата имплементиравме интегриран систем на управување со квалитет, животна средина и безбедност на работа согласно со меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 45001:2018.


Главна цел на нашата дејност е заштита на околината, нејзиното зачувување за идните генерации и прилагодување на дејноста кон политиката за одржлив развој на целиот регион. Од таа причина во компанијата постојано се работи на развој и примена на современите технологии и унапредување на функционалноста на постоечките услуги. Освен стандардните производи, во можност сме да ги исполниме и сите специфични барања на клиентите.
Ви нудиме бесплатни консултации, обуки и совети за правилно и полесно користење на нашите технолошки решенија и производи од нашата понуда, како и бесплатни практични решенија за нивна примена во секојдневието.

Контакт